ДОЗВОЛЕНОСТ НА РЕВИЗИЈА ВО ПАРНИЧНАТА ПОСТАПКА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Authors

  • Марина Глигорова

DOI:

https://doi.org/10.7251/GPFIS1501068G

Abstract

Ревизијата е вонреден правен лек кој претставува за странката
едно правно средство повеќе во нејзиното настојување да постигне за-
штита на своите права или да се одбрани од неоснованите претензии на
другата странка. Ревизија може да се изјави само поради суштествени
повреди на одредбите на парничната постапка и погрешна примена на
материјалното право. Изјавувањето на ревизијата поради суштестве-
на повреда на одредбите на парничната постапка е ограничено. Целта
на истражувањето во овој труд е да се истражат најчестите причи-
ни за изјавување на ревизија во практиката и видот на причините кои
најчесто се повторуваат, како и обемот, односно бројот на поднесени
ревизии до Врховниот суд на Република Македонија во периодот од јуни
2011 година до јуни 2012 година. При обработка на предметот на ис-
тражување како генерална хипотеза е земено дека најголем дел од усво-
ените ревизии сѐ поради суштествени повреди на одредбите на пар-
ничната пoстапка. Две третини од изјавените ревизии пред Врховниот
суд на Република Македонија се одбиени како неосновани, а само една
третина од поднесените ревизии во периодот од јуни 2011 год. до јуни
2012 год. се основани. Од основаните ревизии 59 % се поради погрешна
примена на материјалното право, а 41 % се поради суштествени повре-
ди на одредбите на парничната постапка.

Published

2018-03-08