ОРИЕНТАЛНАТА РАКОПИСНА РИЗНИЦА ВО НАЦИОНАЛНАТА И УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” – СКОПЈЕ
DOI:
https://doi.org/10.7251/VER23030036KAbstract
Збирката Ориенталистика како дел од посебните фондови во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” - Скопје е формирана со цел да го прибира, обработува и чува богатото исламско книжно наследство во Македонија, чиј значаен дел претставуваат ракописи пишувани на трите ориентални јазици: арапски, персиски и турски. Овој труд дава преглед на историјатот на Збирката, со краток увид во материјалните и содржинските аспекти на ракописите како извори за проучување на материјалната историја на книгата од една, и на исламската цивилизација и културната историја на Македонија, од друга страна. Соодветно со нивниот значај, трите ракописни збирки се во 2009 година прогласени за културно наследство од особено значење – поткатегорија културно наследство од исклучително значење.