НАЦИОНАЛНОТО И МЕЃУНАРОДНОТО МЕЃУБИБЛИОТЕЧНО ЗАЈМУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ ВО НАЦИОНАЛНАТА И УНИВЕРЗИТЕТСКА БИБЛИОТЕКА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” СКОПЈЕ
DOI:
https://doi.org/10.7251/VER23030177JAbstract
Во овој труд е опишан процесот и начинот како се одвивал развојниот пат на Службата за меѓународно меѓубиблиотечна позајмица од минатото па се до денес. Може да се констатира дека истата ги следи сите новини, измени и дополнувања кои се воведуваат во процесите на меѓународната меѓубиблиотечната позајмица во светски размери, а истите службата ги имплементира во процесот на работа преку современиот информатичко - технолошки развој. Учествувајќи на голем број меѓународни странски и домашни конференции, семинари, работилни- ци и обуки, Службата за меѓународна меѓубилиотечна позајмица постојано се надоградува и усовршува. Денес библиотека, како членка на ИФЛА организацијата, има соработка со над 800 светски библиотеки низ сите континенти во светот, затоа може слободно да констатираме и со право да кажеме дека е рамноправна членка со сите нив. Со гордост може да се каже дека службата за меѓународно меѓубибиотечна позајмица е една од најважните сегменти во билиотечната дејност како нишка во современото библиотечното работење, како дел од НУУБ „Св. Климент Охридски”, таа исто така се презентира успешно и надвор од своите граници земајќи учество во сите настани поврзани со неа и нејзиното работење. Во последните години следејќи ги статистичките податоци со кои располага нашата библиотека, која редовно секоја година ги ажурира, може да се констатира дека со импементација на новиот систем на позајмица и услуги понудени на нашите корисници и посетители во библиотеката бројот постојано расте, а со тоа и нивните побарувања како од библиотечен фонд на НУУБ „Св. Климент Охридски” но секако и од фондовите на странските библиотеки.