УПОТРЕБА НА ИНФОРМАЦИСКО- КОМУНИКАЦИСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА ВО ДЕЛОВНИТЕ СУБЈЕКТИ ВО ЗЕМЈИТЕ НА БАЛКАНОТ
DOI:
https://doi.org/10.7251/ZREMP1601074KAbstract
Брзиот развој на науката, напредокот и ширењето на новата технологија, имаат големо влијание во сите области на дејствување на деловните субјекти. Примената на современата информациско - комуникациска технологија (ИКТ) овозможува промена на квалитетот на работење, односно промена на старите и создавање на нови методи на работење, управување и одлучување. Со оглед на неопходната употреба на ИКТ во секојдневното работење на деловните субјекти, во овој труд ќе бидат презентирани податоци за употреба на ИКТ во деловните субјекти во земјите
од Балканот (опфаќајќи ги следниве земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска), со посебен акцент на употребата на компјутерите, интернетот, користењето на сопствена интернет страница и користењето на социјалните
медиуми во секојдневното работење.
Клучни зборови: ИКТ, деловни субјекти, компјутер, интернет, интернет страница, социјални медиуми.
JEL klasifikacija: M150, Z0