ВЛИЈАНИЕТО НА СЕМЕЈСТВОТО И УЧИЛИШТЕТО ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА СПОРТСКОТО КЛАДЕЊЕ КАЈ МЛАДИТЕ

Authors

  • Dragan Stefanovski

DOI:

https://doi.org/10.7251/ZCMZ0123480S

Abstract

Практикувањето на современото урбано живеење кај младите подразбира и подобар социоекономски статус кај истите. Економската криза со која со децении се соочува населението во Р. Македонија, доведе до дополнително раслојување на населението од кое како најзагрозена е средношколската популација. Во овој контекст се појавуваат најразлични форми низ кои младите се обидуваат да дојдат до средства преку кои соодветно ќе се реализираат. Во трудот кој претставува теоретско емпириска студија, вниманието го насочувам на феноменот хазард и спортско обложување меѓу средношколската популација, од аспект на детектирање на оваа девијантна појава, согледувајќи ја можноста за нејзино попречување од страна на семејството и училиштето. Ќе одговориме на прашањето дали во обложувањето лежи инстиктот за брзо богатење, или пак истото се доживува како забава, пополнување на слободното време и начин на социјализација со своите врсници, надминувајќи ја така општествената изолираност, социјална исклученост како и кризата на идентитет. Ќе се обидеме да одговориме колку семејството, и училиштето преку својот образовен курикулум може да одговори на предизвикот што значи заштита на младиот човек од девијантната појава детектирана во спортското кладење и слични на него обложувања. Воедно, дали дислокацијата на спортските обложувалници на соодветна оддалеченост од образовните установи, позитивно ќе се одрази на правилното трасирање на патот на креативна млада личност.

Downloads

Published

2024-11-08