ОПШТЕСТВЕНАТА АНОМИЈА И ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ВО ПОСТМОДЕРНАТА
DOI:
https://doi.org/10.7251/ZCMZ0124471SKeywords:
постмодерно општество, милениумска генерација, врсничко насилство, општествена аномијаAbstract
Општествените промени иницирани од вредносниот систем на последниот бран
на глобализацијата доведоа до промени на системот на вредности во мaкедонското
општество. Влезот во доцната постмодерна и новиот милениум се рефректира и кај
милениумската генерација сврзан со процесот во образованието како и адаптирање на
образовниот систем на современите тенденции но и на потребите и можностите на
помладите партиципиенти. Видливо е дека се доживува кулминација на индивидуализмот во
општеството, но и почетокот на континуирано губење на традиционалните вредности.
Врсничкото насилство од друга страна се доживува како сериозен феномен за кој е потребен
мултидимензијален пристап. Се поагресивното однесување на насилството во училиштата и
надвор од нив станува нерешлив проблем. Наведената трансформација значи иницирање на
промени во контекст на социјализација на адолесцентите, се поголемо медиумско влијание
пред се на современите медиуми во кои најчесто доминантни се( губењето на моралот,
видливо интензивирање на насилството и девијантното однесување), при што се
маргинализира улогата на семејството и училиштето во примарната социјализација.
Постмодерните општествени вредности го иницираат од една страна кариеризмот,
процесот на стратификација, зголемување на економската диспропорција и сегрегацијата.
Теоретско/емпириската студија ја насочувам кон утврдување на влијанието на
општествената аномија на појавата на врсничкото насилство како во училиштата така и
вон нив. Во таа смисла ги анализирам мерките за превенција од врсничкото насилство како и
инволвираноста на институциите на планот на намалување на врсничкото насилство на
глобален план.