ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ КАКО УСЛОВ ЗА ОТКРИВАЊЕ И СУЗБИВАЊЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

Authors

  • Драган Стефановски

DOI:

https://doi.org/10.7251/ZCMZ0125419S

Abstract

Еволутивниот карактер на постмодерното општество не претставува
реторичко прашање на оваа теоретско-емпириска студија, туку реториката е насочена во
контекст на трансформација на општествените вредности, губење на традиционалните
вредности како и појавата на општествена аномија во постмодерната. Во контекст на оваа
студија е општествениот феномен на семејно насилство, при што приоритетот е ставен на
насилство над жената, во дисфункционалните семејства. Трансформацијата иницирана од
глобалните процеси во современото општество дополнително ја асцелерираа социјалната
стратификација, иницирајќи ја социо економската диспропорција помеѓу населението.
Општествената аномија во доцната постмодерна е евидентна преку нејзините индикатори
во контекст на губењето на општествените вредности и норми во општеството. Новиот
вредносен систем иницираше општествена еволуција, истиснувајќи ги вредностите како
емпатија, хуманост, толеранција, поддршка и меѓусебно разбирање. Преку оваа социолошка
студија ќе го согледаме влијанието на социоекономската положба како еден од факторите за
семејно насилство, при што приоритетот го ставам на физичкото насилство над жената.
При тоа накусо ќе се задржам на меѓународните документи, каде што посебен акцент
ставам на Истанбулската конвенција. Со оваа теоретско емпириска студија креираме една
социолошка перцепција за насилство врз жената во современото македонско општество,
како истото се третира и превенира од страна на државните институции и невладиниот
сектор.

Downloads

Published

2025-12-30