НУКЛЕАРНОТО СЕМЕЈСТВО И ДЕЦА ВО РИЗИК
DOI:
https://doi.org/10.7251/ZND2601707SAbstract
Карактерот на современото општество подразбира постојан процес на своевидна транзиција и адаптација, како на поединецот, така и на групите гледано во целина. Со менување на поединецот се менуваат и традиционалните вредности, она што некогаш било незамисливо, сега е реалност. Современото семејство, видно ја менува својата улога, пред се од постојана трка со времето и желбите, работните ангажмани, и креирање на слободното време, при тоа свесно или не, запоставувајќи ја обврската кон своите деца. Така младата личност е во процес на ,,постојано учење“ како да се однесува во непосредната околина, што е прифатливо, а што не. Тој, учи од семејството, училиштето, медиумите, но учи и од своите врсници. Иаку глобализацијата доведе до брз технолошки развој, истата не го реши проблемот со малолетничката делинквенција. Фокусот на нашето внимание во оваа теоретско-емпириска студија е насочен кон промената на вредносниот систем кај адолесцентот/ средношколецот. Притоа го согледуваме и судирот на вредносните системи на формалното образование и неговиот ,, антипод“ мрежата на интернет и социјалните мрежи. Компетенцијата во општеството во секоја негова еволутивна форма станува се посилна, а општествено пожелните вредности и таргети се повисоки и понедостижни за дел, од младата популација. Моралниот дефицит кај адолесцентите го анализирам од перспектива на генерал стеин теоријата и теоријата аномија која ја поткрепувам и со емпиријска студија.Воедно се задржувам и на формалното образование во контекст на креирање на моралниот систем кај младиот човек, како и на детектирање на улогата што ја имаат масовни медиуми и групата на врсници, на планот на отфрлање на традиционалните вредности.