ЗЕЛЕНАТА СОЦИЈАЛНА РАБОТА И БИХЕВИОРАЛНОТО ЗДРАВЈЕ КАКО ИНТЕГРАТИВЕН ПРИСТАП ВО РЕСОЦИЈАЛИЗАЦИЈАТА НА ДЕЦА ВО РИЗИК И ВО СУДИР СО ЗАКОНОТ
DOI:
https://doi.org/10.7251/ZND2601738PAbstract
Детското престапништво претставува сложен општествен феномен кој е резултат на интеракција меѓу индивидуални, семејни и општествени фактори на ризик. Во последните децении, во научната и стручната литература сè повеќе се нагласува потребата од интегративни пристапи кои покрај правниот и социјалниот аспект го вклучуваат и концептот на бихевиорално здравје, односно факторите поврзани со емоционалната благосостојба, однесувањето и психосоцијалниот развој на децата. Во тој контекст, зелената социјална работа се развива како современ пристап кој ги поврзува принципите на социјалната правда, одржливиот развој и унапредувањето на менталното и бихевиоралното здравје преку активности поврзани со природната средина и заедницата. Целта на овој труд е да го анализира потенцијалот на зелената социјална работа како пристап во развојот и примената на еколошки програми насочени кон ресоцијализација на деца во конфликт со законот, со посебен осврт на нивното влијание врз подобрување на бихевиоралното здравје и развојот на просоцијално однесување. Трудот се потпира на анализа на релевантна научна литература, на практичните искуства во работата со деца во судир со законот во Mакедонија, на практичните искуства од пилот-активностите за промоција на зелена социјална работа во системот на социјална заштита и младинската работа, кои се реализираат преку активности и иницијативи на Здружението на социјални работници на Македонија и платформата „Заеднички за зелено застапување“. Активностите вклучуваат едукација на стручни работници во системот на социјална заштита и заштита на деца, развој на зелени програми и поттикнување учество на децата и младите во еколошки иницијативи во зедниците. Вклучувањето на децата во вакви активности може да придонесе за подобрување на емоционалната стабилност, развој на одговорно однесување и јакнење на чувството на припадност кон заедницата, што претставува важен протективен фактор во превенцијата на повторно престапничко однесување. Интегрирањето на принципите на зелената социјална работа и бихевиоралното здравје претставуваат значајни потенцијали за развој на иновативни пристапи во програмите за превенција и ресоцијализација на деца во ризик и во судир со законот.