СЛОБОДНОТО ВРЕМЕ И МАНИФЕСНИТЕ ФОРМИ НА МАЛОЛЕТНИЧКА ДЕЛИКВЕНЦИЈА ВО УСЛОВИ НА СВЕТСКА ПАНДЕМИЈА
DOI:
https://doi.org/10.7251/ZCMZ0121460SAbstract
На крајот на втората декада на новиот милениум светот се соочува со предизвикот препознатлив во пандемијата Ковид-19. Светот препознатлив во глобалните предизвици во сите општествени сфери, за миг се претвори во свет на локалното, особено на планот на слободно движење на поединецот, туризмот и транспортот на луѓе и стока и соработката во доменот на културата во контекст на прифаќање на различностите. Социјалниот живот доби нов тек, и е редуциран до минимум, а младите се соочија со предизвикот виден во oнлајн наставата и начинот на организирање и користење на слободното време. Во трудот се отвора прашањето за местото и улогата на поединецот и општествените групи во организирање на слободното време, причините кои доведуваат до деликвентно однесување, како и улогата што ја имаат дел од државните институции на овој план. Наметнатите протоколи во повеќе сегменти кај дел од популацијата доведoа до зголемена агресивност и појава на нови форми особено кај младите. Во оваа теоретско емпириска студија спроведено е истражување, со цел согледување на улогата на семејството, мас медиумите и врсниците, како причина за појава на девијантно, деликвентно и безделничко однесување кај младите во услови на светска пандемија.
Клучни зборови: слободно време, деликвенција, безделничење, агресивност, семејство