МАНИФЕСТИРАЊЕ НА ДЕВИЈАТНО И КРИМИНАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ БО САЈБЕР ПРОСТОРОТ

Authors

  • Драган Стефановски

DOI:

https://doi.org/10.7251/ZCMZ0122433S

Keywords:

адолесценти, анонимност, сајбер булинг, медиуми, врсничко насилство

Abstract

Секоја генерација на млади се соочува со предизвици, кои разбирливо можат да се движат во две насоки, позитивна која се движи по патеката на законската легислатива, и втората која го ,,одбира“ патот на девијантното и деликвентно, со надеж дека така ќе ги оствари своите цели. Младите за кои се говори во трудот се соочуваат со проблемите кои ги носат светските глобални промени, локалните воени конфликти, ковид пандемијата, што сето заедно се ,,влева“ во вртлогот на се позачестената глобална појава-сиромаштијата. Видливи промени во семејните односи, присутноста на дисфункционални семејства во кои се раѓаат нуклеусите на агресивноста и нетолерантното однесување кај младите кои се рефлектираат во спектарот на форми на врсничкото насилство. Видливо е дека современото семејство но и училиштето срамежливо ја испушта од рака „диригентската палка“ во воспитувањето. Брзиот технолошки развој, доведе и до ,,злоупотреба“ на истиот, особено во сајбер просторот, а од страна на младите, кадешто истите се појавуваат и како деликвенти, но и виктимизирани. Во оваа смисла анонимноста на сајбер булингот, дава поголема сила и комотност на извршителите, при што на виктимизираните им предизвикуват деноноќен стрес.Теоретско емпириската студија е насочена кон истражување на состојбата со интернет насилство во македонското општество, поконкретно во градот Скопје, од аспект на улогата на современите масовни медиуми на планот на благовремено детектирање на феноменот интерент насилство, во сите негови форми, а посебно сајбер- булинг, и последиците што истиот ги остава не само врз жртвата, туку и врз нивните семејства.

Downloads

Published

2023-02-03